Страшно засилување за Вориорс: Голден Стејт потпиша договор со – Демаркус Казинс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако Голден Стејт вориорс досега не можеше да ги победи речиси никој во НБА, што ќе се случува наредната сезона кога нивната екипа ќе биде посилна со Демаркус Казинс.

Адријан Војнаровски пишува дека Казинс потпишал договор на една сезона вреден 5,3 милиони долари.

Казинс уште е на рехабилитација од повредата на ахиловата тетива, но до почетокот на сезоната ќе има доволно време да се врати во форма.

Минатата сезона Казинс постигнуваше 25,2 поени, 12,9 скокови и 5,4 асистенции по натпревар.