Мбапе донесе важна одлука за својата кариера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе вчера ја доби наградата за најдобар млад играч на Светското првенство во Русија.

Одличниот Мбапе со своите добри настапи во Русија им помогна на своите сонародници на патот до трофејот на Мундијалот.

Французинот се поврзува со Реал Мадрид, па новинарите ги интересираше дали постои можност Мбапе да се пресели во Шпанија или ќе остане во ПСЖ.

„Останувам во ПСЖ, 100 % сум сигурен во таа одлука. Јас сум на почетокот. Кога имате квалитети, тогаш мора да бидете свесни и да верувате во себеси“, вели Мбапе.

Многумина се убедени дека Мбапе ќе се пресели летово, но едно е сигурно, а тоа е дека времето е на негова страна.