Целосен ремонт во Лондон: Сари ќе троши 300 милиони евра за создавање на – шампионска екипа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Еден Азар и Тибо Куртоа наскоро ќе заминат од Челси, а најверојатно ќе се преселат во Реал Мадрид, а тоа би ја наполнило касата, па новиот тренер на „сините“, Маурицио Сари ќе има цело богатство на располагање.

Екипата од Лондон нема многу време да формира екипа за новата сезона, а конечно стигнаа Сари, како и Жоржињо, но тоа е само почеток.

Освен споменатите двајца, од клубот би требало да замине Оливие Жиру, додека иднината на Алваро Мората не е позната.

Во моментов траат преговорите со Даниеле Ругани, кој чини 30 милиони евра, но потребен му е уште еден стопер, па Калиду Кулибали е прв избор на Сари.

Заминувањето на Азар би значело и останување на Вилијан, кој би требало да биде еден од најважните играчи во тимот, а во екипата ќе остане и Нголо Канте.

„Сините“ го сакаат и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но за него Челси ќе мора да потроши многу пари, а тоа би значело и заминување на Сеск Фабрегас, како и Дринквотер и Ѕапакоста.

Не е позната иднината на Давид Луиз, а засега нема понуди, иако се зборуваше за потенцијален трансфер во Наполи. А, исто така, Челси е при крај со договор со Алисон, за кого се подготвени да платат 70 милиони евра.

Интересно е тоа што доколку ги реализираат сите посакувани трансфери, Челси ќе мора да потроши речиси 300 милиони евра, а со тоа би ги урнале сите рекорди.