Спектакл на „Вембли“: Џошуа си најде нов противник!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот боксерски шампион во тешка категорија во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО, Ентони Џошуа ќе ги брани освоените титули на 22. септември во Лондон против Русинот, Александер Поветкин.

Борбата ќе се одржи на „Вембли“, а тоа го потврди денеска англискиот боксер.

„Поветкин е сериозен предизвик за кој ќе се подготвам добро. Има сериозна биографија и никој не би го потценил“, вели Џошуа.

Џошуа во април годинава ја освои титулата на светски шампион во тешка категорија, откако го победи Џозеф Паркер со судиска одлука.