Роналдо со први изјави по пристигнувањето во Торино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес е доста зафатен ден за Кристијано Роналдо затоа што Португалецот конечно ќе стане и официјално фудбалер на Јувентус.

По комплетирањето на медицинските прегледи, следеше и прес конференција на која Роналдо за прв пат зборуваше како фудбалер на Јувентус.

Во продолжение ќе издвоиме неколку изјави на Кристијано Роналдо од прес конференцијата која е во тек.

„Јувентус е еден од најдобрите клубови во светот, беше долго размислуван потег, но одлуката беше лесна за да се приклучам на најдобриот тим во Италија, потег кој ќе биде многу важен во мојата кариера. Јувентус има одличен тренер и феноменален претседател кој сака победи. Одлуката да дојдам овде беше лесна“ –коментираше Роналдо на почетокот од прес конференцијата.

Потоа се осврна дека ова е голем предизвик во неговата кариера: „Ова е голем предизвик во мојата кариера, многу играчи на мојата возраст одат на други места, со сета должна почит. Но мене ме прави среќен да играм за вака голем клуб. Благодарен сум на Јувентус за оваа можност“.

Роналдо во стил на голем спортист истакна дека сака да остави белег во историјата на Јувентус и да ги направи фановите среќни.

„Сакам да оставам печат во историјата на Јувентус. Многу сум среќен за овој предизвик. Посакува предизвици и знам дека ова ќе биде тежок предизвик. Ова е многу тактичко натпреварување, но јас сакам тешки предизвици и не сакам само да седам и да гледам во мојот минат успех. Сакам да работам уште понапорно. Лигата на шампионите е трофеј кој секој сака да го освои, но тоа е тешко. Јувентус дојде блиску до тоа. Се надевам ќе му донесам среќа на клубот, со смиреност. Ќе се бориме за сите трофе“- продолжи Роналдо.

„Овациите кои ги добив овде се спектакуларен момент за мене. Фановите ми дадоа неверојатно добредојде и јас сум им благодарен. Инаку, веќе се сретнав со Алегри, а со тренинзи ќе започнам на 30 јуни. Сакам да играм на првиот натпревар од Серија А.

За крај Роналдо истакна дека сака да биде пример за помладите и дека во следните четири години ќе работи и да им помага на младите играчи.

„Сакам да бидам пример, не само како играч туку и како човек. Сакам да работам напорно и да му помогнам на младите. Ова е голем момент во мојата кариера, имам четири години договор и сакам да работам за клубот да освојува трофеи“ –заврши Роналдо.