Фотографија која стана хит во Хрватска: Далиќ го држи Вида да не падне од автобусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Хрватска денес се слави историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Светското првенство во Русија.

Хрватите предводени од Златко Далиќ стигнаа до сребрениот медал на најголемата фудбалска смотра, а денес сосема заслужено беа пречекани од над 500.000 сограѓани во Загреб.

Автобусот кој ги носеше фудбалерите од аеродромот до плоштадот во Загреб патуваше над шест часа, а на него цело време имаше прекрасна атмосфера. На стотина метри пред плоштадот, се случи интересен момент.

Имено, Домагој Вида беше качен високо и прославуваше со фановите околу, додека Далиќ го држеше за да не падне. Оваа фотографија веднаш ја обиколи цела Хрватска.