Робен прави шокантен трансфер во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информации на „КалчоЊус 24“ од редовите на Лацио подготвуваат шокантна понуда за играчот на Баерн Минхен, Арјен Робен.

Робен има 34 години и досега беше клучен дел од Баерн Минхен уште од 2009 година. Од тогаш до сега Холанѓанецот има речиси 190 настапи во баварскиот дрес.

Сепак, сега кога Робен влегува длабоко во четвртата деценија од животот и е подложен на многу повреди не е баш прва опција за Баерн Минхен.

Тоа сака да го искористи тимот на Лацио кој остана без Фелипе Андерсон кој пред два дена го комплетираше трансферот во Вест Хем за 40 милиони евра.

Наводно, Клаудио Лотито и Игли Таре работат на трансферот на Робен и тоа нема да биде само сон за фановите на Лацио.