„Мирор“: Еден Азар постигна договор со Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар постигна усен договор со Реал Мадрид да се пресели во нивните редови летово.

Кристијано Роналдо си замина летово од екипата, па „кралскиот клуб“ сака да најде замена за него, а очигледно Азар е одличен избор.

„Кралевите“ веќе некое време сакаат да го ангажираат Белгиецот и планираат да платат 120 милиони фунти за неговите услуги.

Сепак, има еден проблем, а тоа е што Челси ја одбиле нивната понуда од 120 милиони фунти и сакаат понуда од 200 милиони евра.