Меџик: Не ни е страв од Голден Стејт, ние имаме цврст и добар тим!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на кошаркарски операции во Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, вели дека не се плаши од Голден Стејт вориорс, кои освоија три од последните четири НБА-шампионати.

„Го сакам натпреварувањето и сакам да ги бркам најдобрите. Тие се најдобри, па се радуваме на натпреварите со нив“, кажа Меџик.

На прашањето дали мисли дека Лејкерс може да ги победат Голден Стејт, Џонсон не предвиде победа, но кажа дека не се плашат.

„Сите очекуваат Голден Стејт повторно да ја освои титулата, но би сакал да дојдеме во ситуација да ги предизвикаме во финалето на Западот. Не се плашиме од нив, знам дека имаме цврст и добар тим“, објаснува Џонсон.