Новицки потпиша договор со кој ќе го сруши Коби Брајант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот германски кошаркар, Дирк Новицки во понеделникот и официјално потпиша нов едногодишен договор со Далас Маверикс, тимот во кој ја помина целата НБА кариера.

Иако од Далас не ги објавија финансиските детали, според американските медиуми Новицки во следната сезона ќе заработува пет милиони долари.

Во својата 21 сезона во Далас Маверикс, Новицки ќе стане нов рекордер по бројот на сезоните одиграни во ист клуб во НБА Лигата затоа што ќе го надмине Коби Брајант кој сите свои 20 години ги помина во ЛА Лејкерс.

Во 2011 година Новицки со Далас ја освои титулата во НБА лигата, а Германецот беше прогласен за најкорисен играч на финалето, додека во сезоната 2006/07 беше прогласен за најкорисен играч на лигашкиот дел од сезоната.