Рајола во „матни бизниси“: Најголема жртва е – Марио Балотели!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Балотели останува и понатаму без нов клуб, а најавениот трансфер во Олимпик Марсеј го блокира неговиот агент Мино Рајола.

Рајола, кој решава за кариерите на голем број европски ѕвезди, сака да го врати Балотели во Серија А и не му одговара неговиот клиент да се пресели во Марсеј.

Се поставува прашањето – зошто? Затоа што Марсеј не сака да му плати провизиција, која ја бара Рајола.

Балотели има уште една година од договорот со Ница, а приказната за неговиот трансфер почна во март, кога Рајола јавно кажа дека Марио ќе биде слободен на пазарот од летово.

Марсеј успеа да се договори со Балотели, но не сака да плати дополнителни 10 милиони евра за играчот.