Готово е: Наполи ангажираше засилување од Манчестер јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ пишува дека приказната е завршена, односно Матео Дармијан е нов фудбалер на Наполи.

Според новите информации, поранешниот капитен на Торино, кого го сакаа Јувентус и Интер ќе заврши во Наполи и ќе потпише договор на четири или пет сезони, а ќе добива плата од 3,5 милиони евра годишно.

Дармијан како позајмен играч ќе се пресели во редовите на италијанскиот вицешампион, а позајмицата ќе ги чини седум милиони евра, а исто така ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор на крајот.

Него го сакаше и Јувентус, но тие го ангажираа Кансело, зашто Јунајтед бараше 20 милиони, а Интер на крајот се реши за Шиме Врсаљко.

Италијанецот ретко добиваше шанса да во јунајтед, а летово му соопшти на Жозе Мурињо дека сака да замине од екипата.