Макаби ангажираше засилување од НБА-лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џони О`Брајан е нов играч на Макаби Тел Авив.

Овој 25-годишен крилен центар првпат ќе игра во Европа, откако претходните четири години играше во НБА и Д-лигата.

Тој во претходната сезона на 36 натпревари за Шарлот просечно постигнуваше 4,8 поени, 2,6 скокови.

Тренерот на Макаби, Невен Спахија, покажа надеж дека О`Брајан ќе допринесе квалитетите на неговата екипа.

„Тој е одлично засилување. Има многу искуство во НБА-лигата и верувам дека ќе биде еден важен дел од мојата екипа“, кажа тој.