Дури и Мората го смени бројот: Никој повеќе нема да ја носи „деветката“ во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алваро Мората реши да го смени бројот на својот дрес и во следната сезона да носи „29“, наместо „деветка“, како што носеше во претходната сезона.

Многу напаѓачи пристигнаа во Лондон, но последен кој се прослави беше Џими Флојд Хаселбенк, кој постигна 88 гола на 177 настапи.

Катастрофалната серија почна од Матеја Кежман, кој постигна седум погодоци на 41 настап, а потоа следуваа неуспешни авантури на Креспо, Буларуж, Сидвел, Франко ди Санто и Фернандо Торес.

Минатата година, Мората пристигна за 70 милиони фунти, а во првата сезона во 48 натпревари постигна 15 гола, иако почна фантастично. Сепак, во последно време е вистински малер и не може да ја затресе противничката мрежа.