Олеснување за фановите на Манчестер Јунајтед: Барселона се откажа од Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија од таборот на Барселона и дефинитивно се откажале од намерата да го донесат Пол Погба во своите редови.

Наводно Каталонците биле свесни дека од Манчестер Јунајтед нема да попуштат и нема да го продадат играчот за кого немаат соодветна замена, па затоа се откажале од секаква намера да влегуваат во преговори за играчот.

„РМЦ“ пишува дека Валверде ќе се обиде да го донесе Погба на начин сличен како што го донесе Кутињо минатата зима. Се верува дека Барселона ќе тргне по Французинот во јануарскиот преоден рок.