17 минути- три гола: Фантастичен старт на натпреварот Њукасл- Тотенхем (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако денот се познава по утрото и денес ќе следиме прекрасни натпревари во рамките од првото коло во Премиер Лигата.

На „Сент Џејмс Парк“ во моментов играат Њукасл и Тотенхем и по нешто повеќе од петнаесет минути веќе бевме сведоци на три гола.

Најпрво Фертонген  во 8. минута го отвори резултатот со гол со глава, кој беше досуден со помош на популарната „гол-лајн“ технологија.

Радоста на гостите траеше само три минути затоа што домашниот тим преку Хоселу изедначи на 1:1. Одлична топка во шеснаесетникот на Тотенхем упати Мат Ричи, а шпанскиот напаѓач без проблем ја затресе мрежата на Лори.

Во 18. минута повторно со глава Деле Али погоди за водство на Тотенхем од 2:1. Интересно е што сите голови паднаа по удари со глава.