Спалети: Модриќ сакаше да дојде во Интер, но Реал не го пушти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лучано Спалети, тренерот на Интер, кажа дека Лука Модриќ сакал да се пресели во Интер, но дека Реал Мадрид бил против тоа и не го пуштил Хрватот во Милано.

Некои од италијанските медиуми инсистираат дека Модриќ бара трансфер во Интер, но „АС“ и „Марка“ пишуваат дека Модриќ ќе потпише нов и подобрен договор со „кралевите“.

„Не знам што ќе се случи, но среќен сум што сакаше да дојде некој како Модриќ, кој ја освои Лигата на шампиони и Светското првенство. Фактот дека сака да го носи дресот на Интер ме исполни со радост. Мислам дека тешко ќе добиеме такви играчи, а клубот имаше намера да го купи. Без разлика на тоа што ќе се случи, ние сме силен тим“, објасни Спалети.

Модриќ имаше одлично лето во кое играше финале на Мундијалот во Русија со репрезентацијата на Хрватска, а претходно ја освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид и во моментов е еден од најдобрите играчи за врска во светот.