Вејн Руни постигна феноменален гол за ДС Јунајтед (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот англиски репрезентативец и актуелен член на ДС Јунајтед, Вејн Руни повторно имаше феноменален натпревар во МЛС Лигата.

Во убедливата победа против Портланд (4:1) Англичанецот учествуваше со два погодоци. Првиот гол Руни го постигна во стил на голем стрелец откако прекрасно им избега на двајца противнички фудбалери и без проблем го совлада гостинскиот голман.

Вториот гол беше вистинско ремек дело. Легендарниот напаѓач погоди на велемајсторски начин од слободен удар и на тој начин потсети на најдобрите денови во кариерата.

Инаку сега Руни има три погодоци оваа сезона, а шанса да дојде и до четвртиот ќе има во наредното коло кога неговиот тим ќе игра со Њу Ингланд.