Жервињо се враќа во Серија А и ќе игра за – „џабе“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, 31-годишниот Жервињо по три сезони поминати во кинески Хебеи, реши да се врати во Серија А.

Жервињо, наводно, се договорил за тригодишна соработка со повратникот во Серија А, Парма, а денеска треба да има лекарски прегледи и да потпише договор.

Парма ќе го добие Жервињо како слободен играч, а играчот во Кина заработуваше девет милиони евра по сезона и дополнителни бонуси, но сега во италијанскиот клуб ќе заработува „само“ еден милион евра годишно.

Жервињо се согласил на платата за да се врати во Италија, каде што од 2013. до 2016. година играше во Рома за која постигна 17 гола на 71 натпревар.