Во Македонија не го „есапат“ а тој направи трансфер во Бундеслигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот интернационален голман, Јане Цветковски е нов член на германскиот бундеслигаш, Вецлар.

Цветковски во тимот во кој настапува Филип Миркуловски доаѓа како слободен агент откако му заврши договорот со шведскиот тим Иштад.

Јане Цветковски добива покани од Гонзалез во репрезентацијата на Македонија, кога се работи за поширокиот список, но ниту еднаш не добил шанса да брани на официјален натпревар.

Можеби трансферот во најсилната лига на светот ќе го натера Гонзалез да размисли и да му даде шанса на Цветковски во репрезентацијата.

„Пресреќен сум што добив шанса да се докажам во така професионален клуб како Вецлар. Имав подолг летен одмор, па ќе сторам се што побрзо да се вратам во топ форма и да им помогнам на моите колеги и на тимот“- коментираше Цветковски.