Тјери Анри станува тренер на француски клуб!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри е кандидат за преземање на Бордо.

Француската екипа веќе некое време бара нов тренер, откако се раздели со Густаво Појет, а медиумите во Франција пишуваат дека главен кандидат е Анри.

Анри наводно е подготвен да почне тренерска кариера, а колку сака да го преземе Бордо потврдува и фактот што се распрашувал за состојбата во клубот и нивните амбиции.

За услугите на Анри во претходните недели се интересираше и Астон вила, како и Египет, но не се договорија на крајот за соработка.

Да потсетиме, Анри во моментов е помошник во белгиската фудбалска репрезентација.