Мајсторски гол на Мбапе: ПСЖ во финишот се спаси против Генгамп (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ со тешка мака го совлада тимот на Генгам со 3:1, и тоа откако во игра влезе фантастичниот Килијан Мбапе.

Парижаните неочекувано тешко играа против Генгам, па домашниот тим прв дојде до водство уште во 20. минута преку Рукс.

Во 53. минута ПСЖ израмни на 1:1 со голот на Нејмар кој беше прецизен од белата точка. Претходно, на самото полувреме Мбапе влезе на местото на Веа и беше видлива разликата на теренот.

Младиот фудбалер постигна два погодоци во самиот финиш на натпреварот. Првиот гол Мбапе го постигна во 82. минута, додека точка на натпреварот стави со мајсторски гол кој го постигна во 90. минута.