Зидан ќе го замени Мурињо на тренерското место во Јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо се наоѓа пред отказ од Манчестер јунајтед, а незадоволството е големо и кај неговите играчи, но и кај навивачите.

Па, најверојатно Португалецот нема уште долго време да се задржи на „Олд Трафорд“ бидејќи неговата екипа не игра како што посакуваат од управата.

Како негова замена на тренерската клупа се споменува Зинедин Зидан, кој во моментов нема тренерски ангажман, туку е слободен агент.

Зидан имаше неколку успеси со екипата на Реал Мадрид, но реши на крајот на минатата година да се збогува со „кралевите“.