Роналдињо: За мене нема дилема, се знае кој е најдобар во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Бразил, Роналдињо, откри кој е најдобар играч за него во светот.

„Никогаш не сум гледал цел натпревар во фудбал, туку гледам само добри шанси и тоа што го прави фудбалот. Понекогаш ви оди добро, понекогаш не, но тоа е фудбалот“, вели Роналдињо.

Бразилецот на крајот се реши и одговори на прашањето кој е подобар помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„Меси е најдобар во историјата. Тоа што го направи, никој нема да може. Се надевам дека ќе игра уште многу и мислам дека никој нема да може да ја носи десетката во Барселона по него“, објасни Бразилецот.