Шок во Металург, Кузмановски побарал раскин на договорот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч на скопски Металург, Филип Кузмановски побарал да биде ослободен од обврските од страна на клубот.

Металург му должи неколку плати на играчот, па така Кузмановски се решил на најнепосакуваниот чин, да бара раскин на договорот преку РФМ.

Кузмановски во Металург пристигна од редовите на битолски Пелистер пред неколку сезони и веднаш се издвои како најдобар играч на тимот.

За Кузмановски кој од следната сезона ќе игра во Магдебург наводно има интерес од Вардар, но и од ППД Загреб.