„Ако се врати Коби Брајант, тоа ќе биде најголемото спортско случување во историјата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, ја заврши кариерата во 2016. година.

Тој ја помина цела кариера во тимот од Лос Анџелес со кој освои пет титули во НБА-лигата.

Три трофеи беа заедно со Шекил Онил, а токму тој верува дека Коби и на 40 години би можел да има голема улога во НБА-лигата.

„Сите знаат кој е Коби. Никој не може да каже дека не може сега да игра одлични 15-20 минути на теренот. Ако реши да се врати, тоа ќе биде најголем спортски настан во историјата“, кажа Шекил.

Коби кариерата ја заврши со 25 поени во просек, а последната година од кариерата имаше проблеми со Ахиловата пета.