Откриено зошто Манчестер јунајтед не сака да го продаде Марсијал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Ентони Марсијал не се наоѓа во плановите на Жозе Мурињо во последно време, а многумина се изненадија затоа што Манчестер јунајтед не го продаде во летниот преоден рок.

Марсијал во првиот дел од минатата сезона имаше добра минутажа, но тоа се смени откако пристигна Алексис Санчез.

Управата на Јунајтед ги одби сите понуди за Марсијал и одби да го послуша советот од Португалецот. Очигледно малата минутаќа на Марсијал нема да ги натера да го продадат, а тоа го прават поради добра причина.

Кога го купиле во 2015. година за 60 милиони евра, во договорот имале интересен детал. Доколку Јунајтед реши да го продаде Марсијал ќе мора да ја подели добивката со Монако, односно францускиот гигант ќе добие 50%.