Каваи Ленард наредното лето ќе заигра во нов клуб!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци во НБА-лигата, Каваи Ленард ќе остане до крајот на сезоната во Торонто, но најверојатно наредното лето ќе го смени тимот.

Каваи планира наредното лето да замине во Лос Анџелес, каде што треба да потпише за Клиперс.

Интерес за Ленард покажува и Лос Анџелес Лејкерс, кој во новата сезона влегува со Леброн Џејмс, но наводно Каваи бил поблиску до Клиперс.

Каваи ја освои титулата со Сан Антонио спарс во 2014. година, а истата година доби награда за МВП во финалето.