УЕФА почна дисциплинска постапка против Роналдо поради црвениот картон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УЕФА почна дисциплинска постапка денеска против ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој доби црвен картон против Валенсија на „Месталја“ во Лигата на шампиони.

Роналдо доби директен црвен картон поради еден дуел со противнички играч, па сега Португалецот се соочува со неколку натпревари суспензија, а состанокот во УЕФА ќе биде одржан наредниот четврток.

Роналдо би можел да добие казна и до три натпревари, но „ЕСПН“ смета дека ѕвездата ќе добие само еден натпревар казна, па така ќе може да заигра против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.