Второто лице на Меси: Аргентинецот со чуден потег ја „запали“ јавноста (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во возбудлив натпревар помеѓу Барселона и Жирона забележавме четири погодоци и еден црвен картон, а резултатот на крајот беше 2-2.

Токму црвениот картон крена голема „прашина“ во Шпанија. Некои навивачи велат дека Клемент Ленгле заслужено доби црвен картон, додека другите сметаат дека тоа била престрога казна.

Без разлика на тоа, од тој момент гостите заиграа подобро, а во еден момент имаа и предност, но Жерар Пике го спаси својот тим.

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, го постигна првиот гол, но беше незадоволен од судењето, па не сакаше да се поздрави со главниот арбитар на крајот на дуелот.