Барселона со нов изненадувачки трансфер, го купува Пепе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека од таборот на Барселона ја разгледуваат можноста во своите редови да го донесат играчот на Лил, Николас Пепе.

23 годишниот играч блеска на почетокот на сезоната и веќе го привлече интересот на неколку европски гиганти.

Според „Спорт“ Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Севилја и Реал Бетис се заинтересирани за играчот, додека пак медиумите во Англија пренесуваат дека и Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го донесе Пепе во своите редови.

Сепак и да се случи трансфер тој би се случил во текот на летниот преоден рок затоа што претседателот на Лил, Жерар Лопез истакна дека тој нема шанси да си замине во јануарскиот преоден рок.