Венгер се враќа и тоа во еден од фаворитите за трофејот во ЛШ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тренер Арсен Венгер најверојатно наскоро ќе се врати во фудбалот, откако претходно одби неколку понуди од Азија.

Венгер, наводно, ќе се врати и тоа во ПСЖ, но како спортски директор и ментор на Томас Тухел.

Англиските медиуми пишуваат дека Венгер добил понуда од ПСЖ, па во моментов размислува да направи таков чекор.

Тухел не бил во добри односи со директорот Антер Енрике, па претседателот Ал-Келаифи верува дека Венгер е подобро решение.

Покрај тоа, од Венгер се очекува да ја подобри работата на фудалската академија и да „произведе“ нови таленти.