Репрезентацијата до 21 година претрпе убедлив пораз од Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе убедлив пораз од 5:1 на гостувањето во Тула кај соодветната селекција на Русија.

„Зборнаја“ доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено успеа да слави убедлива победа.

Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога Русија ни даде три гола преку Акметов, Чалов  и Бакаев. Во вториот дел на 4:0 зголеми Облјаков, а резултатот потоа го намали Марио Крстовски.

Сепак, до крајот Русите ни дадоа и петти гол преку играчот на Спартак Москва, Георги Мелкадзе.