Грешките не чинеа катастрофален пораз против Ерменија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија претрпе убедлив пораз на гостувањето во Ереван кај Ерменија.

Ранетите Ерменци го истурија сиот бес по поразот од Гибралтар врз нашата репрезентација и со убедливи 4:0 славеа на овој натпревар колку само да си остават минимални шанси за првото место во групата.

Уште во 12. минута Пицели го отвори резултатот по катастрофалната грешка на Столе Димитриевски. За вториот гол се чекаше до 67. минута кога во главна улога повторно се најде Димитриевски кој додаде еден неточен пас до Зајков, а тоа одлично го искористија Ерменците кои преку Мовсисјан дојдоа до предност од 2:0.

Третиот гол беше повторно директна грешка на Столе Димитриевски кој катастрофално реагираше по ударот на Газарјан.

Точка на средбата стави најдобриот ерменски репрезентативец, Хенрик Микитаријан со гол директно од слободен удар.