Пике на жесток удар на навивачите, а тој зборува за Новак Ѓоковиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пике скоро на секој натпревар во оваа сезона има направено барем по една кардинална грешка, но поради повредата на останатите играчи, Валверде е приморан да го бира за во првиот состав. Откако се прости од Шпанската селекција, Пике имаше многу слободно време.

Сепак, тој тоа време не го искористи за подобрување на формата, туку патувајќи низ светот, пратејќи тениски турнири.

Познато е дека неговата фирма го превзема наптреварувањето над Дејвис Купот и очигледно е дека тоа му е сега главен приоритет. Тој во моментот сака да го увери Новак Ѓоковиќ да игра за Србија на ова натпреварување.

„Можеме да го увериме Ѓоковиќ да игра на Дејвис Купот. Тој е многу позитивна личност и верувам дека на крајот ќе постигнеме договор околу ова“, изјави Пике.