Продолжува неверојатната серија на Пако Алкасер, Баерн конечно победи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беа одиграни пет средби од осмото коло од германската Бундеслига во кои беа постигнати дури 15 голови.

Интересен натпревар одиграа Волфсбург и Баерн во кој избраниците на Роберт Ковач конечно стигнаа до победа (1:3). Левандовски постигна два гола и беше асистент на третиот кој го постигна Хамес Родригез.

Со оваа победа Ковач си доби уште време на клупата на баварскиот клуб.

Борусија Дортмунд продолжи со одличните игри во новата сезона во Бундеслигата. Веќе во 25. минута во Штутгарт против истоимената екипа беше 3:0 за „Милионерите“. Прецизни беа Санчо, Ројс и Пако Алкасер. Шпанецот е во животна форма по неговиот трансфер од Барселона постигнувајќи погодок и на 11 натпревар со ред. Во второто полувреме гол постигна и Филип.

Резултати:

Аугсбург- Лајпциг 0:0

Баер Леверкузен- Хановер 2:2

Нинберг- Хофенхајм 1:3

Штутгарт- Борусија Дортмунд 0:4

Волфсбург- Баерн Минхен 1:3