Шок во Кожани: Македонија поразена од Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот голем пораз по долги години откако во Кожани загубивме од аутсајдерот Грција со 28:26.

Натпреварот го започнавме онака и како што се очекуваше, имаше периоди во кој имавме и по четири голови предност, но на полувреме заминавме со само еден поен позитива, 12:13.

Во второто полувреме повторно имавме предност од гол, два, се до 45. минута кога домашната селекција за прв пат дојде до водство. Тоа водство го држеше до самиот крај и на крајот се радуваше на голема победа, можеби најголема во нивната историја.

Кире Лазаров со седум и Филип Талески со шест погодоци беа предводници на Македонија, а солиден настап имаше и голманот Никола Митрески.