Официјално: Кармело Ентони и Хјустон ја прекинаа соработката! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кармело Ентони пристигна во Хјустон рокетс за да им биде голема помош на патот кон титулата во НБА-лигата, но очигледно се создадоа некакви проблеми помеѓу управата и искусниот фудбалер, па решија да се разделат.

Генералниот менаџер на Хјустон, Дрил Моури потврди дека Мело повеќе нема да игра за нивниот тим.

„По неколку разговори решивме да ја прекинеме соработката со Ентони. Иако Мело ја прифати секоја одлука на тренерот Мајк Д`Ентони од пристигнувањето во тимот, сепак не се остварија нашите очекувања и решивме да се збогуваме“, објасни Моури.

Мело, сепак, уште некое време ќе остане член на тимот. Секако, нема да настапува, но ќе добие време да пронајде подобро решение за продолжување на кариерата.

Искусниот кошаркар во дресот на Хјустон просечно постигнуваше по 13,4 поени и имаше 5,4 скокови по натпревар во 10 одиграни средби.