Се крена „прашина“ за инцидентот меѓу Кавани и Нејмар, но сите пропуштија еден детал (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразил и Уругвај вчера одиграа пријателски натпревар, кој остана во сенка на инцидентот помеѓу Нејмар и Едисон Кавани.

Долго време се шпекулираше дека напаѓачите на ПСЖ не се во најдобри односи, а тоа можеше да се види и синоќа. Во еден момент, Кавани направи прекршок врз Нејмар по што Уругваецот се изнервира.

Кавани реагираше бурно затоа што сметаше дека Нејмар лаже, а потоа го крена на нозе, но не пријателски.

Меѓутоа, многумина не забележаа еден друг детал од натпреварот. За време на една расправија со судијата, Кавани случајно го удри Нејмар по глава, по што му се извини и го бакна.