Херојот на „Гордиот Албион“ тврди: Ако славиме против Хрватска, се станува минато…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиската фудбалска репрезентација во недела на „Вембли“ ја дочекува репрезентацијата на Хрватска во последниот меч на елитното натпреварување, Лига на нациите.

Хрватска единствено со победа на „Вембли“ ќе избори пласман на завршниот турнир во премиерното издание на ова натпреварување. На тој турнир се пласираат четири освојувачи на групите.

Во пресрет на последниот меч во својата група Хрватска има четири бода, колку и Англија, Било каква победа утре е доволна за Хрватска да биде лидер во групата. И Англија е во иста ситуација. Шпанија ќе ја освои групата ако Хрватска и Англија ремизираат.

Натпреварот ќе има посебно значење со оглед на фактот дека токму составот на Далиќ ја соппре Англија на патот до финалето на СП во Русија, на кое чекаа од 1966. година. Во сличен тон неделниот меч го најави и англискиот херој на СП, Џордан Пикфорд.

Првиот голман на Евертон и младата надеж на Англија се претстави на широката маса со фантастичните настапи во Русија. Особено со одбраните за Англија во мечот против Шведска и одбранетите пенали против Колумбија. Кога сите мислеа дека на момците на Саутгејт им дојде крајот, Пикфорд ги спаси и ги одведе во полуфиналето, но против Хрватска немаше шанси.

„Ремизиравме со Хрватска во првиот меч од ова натпреварување, но тогаш немаше навивачи и имаше една сосема поинаква атмосфера. Мислам дека во недела ќе имаме бројна поддршка од навивачите и дека тоа ќе биде добар меч“, истакна голманот на Евертон откако Англија ги порази САД со 3:0 во пријателскиот меч на „Вембли“.

„Ако победиме, одиме натаму и се што е зад нас станува минато“.

Само четири месеци минаа по болниот пораз од Хрватска во полуфиналето на Мундијалот и „англискиот кец“ смета дека има сила за уште една пресметка со Хрватите.

„Мислам дека натпреварот ќе има посебно значење и притисокот ќе биде присутен, но исто така мислам дека можеме да се носиме со тоа. Имаме добри играчи, имаме три нови момци кои ќе дебитираат. Хрватска е меѓу најдобрите 10 селекции во светот и нема да ни биде лесно, но детално ќе ги проучиме и ќе направиме домашна задача, а потоа и напорно ќе тренираме за се да функционира совршено и оттаму се надеваме на триумф“, заклучи Пикфорд.