Аголот на најскапиот дефанзивец на сите времиња: Рамос е нула во однос на…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За фронталниот напад на Дејан Ловрен на Серхио Рамос по триумфот на Хрватска над Шпанија во важниот меч во рамки на Лигата на нациите се покрена лавина од коментари и поделени мислења за тоа дали стоперот на Ливерпул е во право и дали на капитенот на Реал му минале најдобрите денови.

Свое видување даде и партнерот на Ловрен од одбраната на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Холандскиот репрезентативец и најскапо платениот платениот дефанзивец на сите времиња смета дека Рамос повеќе не е најдобар на светот, туку неговиот партнер од Реал, Рафаел Варан.

Еден од кандидатите за престижната Златна Топка воодушевува со игрите на сите нивоа. Како освојувач на Лигата на шампионите и СП, каде имаше големо влијание и пружи одлични партии како стандарден играч во обете селекции, јасно е зошто привлече огромно внимание.

„Искрено, Рамос веќе не е најдобар. Добар е и го почитувам поради се што направил, но не игра повеќе одбрана по мој вкус“, вели Ван Дајк за холандски телеград и додаде:

„Мој фаворит е Рафаел Варан. Страшен дефанзивец е, млад и уште може да напредува“.

Ван Дајк исто така верува дека кај Серхио Рамос многу тоа се променило, од оној дуел со Мохамед Салах во минатогодишното финале од Лигата на шампионите, кога Египќанецот го повреди со опасен зафат и така Ливерпул беше декласиран во раната фаза од мечот.