Давид Силва се прости од националниот дрес: Емотивно изведување на почетниот удар и потоа крај… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Манчестер Сити, Давид Силва вечерва и официјално се прости од репрезентацијата на Шпанија.

Како што се најавуваше, Силва пред почетокот на пријателскиот меч помеѓу Шпанија и БиХ во Лас Палмас, го изведе почетниот удар и во таа прилика во прегратка го држеше и својот син.

За потсетување, Силва е роден на Канарските Острови, а неодамна зборуваше за тоа дека кариерата би сакал да ја заврши токму во Лас Палмас.

Инаку тој, во дресот на репрезентацијата на Шпанија одигра дури 129 натпревари и постигна 37 погодоци.

Во продолжение, погледнете го неговото простување: