Импресивно во секој поглед: Доминацијата на Македонија против Гибралтар во – бројки (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не е нова вест репрезентацијата на Гибралтар да загуби со 0-4, но начинот на кој победија нашите репрезентативци против една од најлошите репрезентации во Европа е нешто што ретко се гледа.

Македонија во последното коло од групната фаза во Лигата на нации постигна четири гола и се пласираше во плејофот за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Интересно е тоа што избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски имаа 39 удари кон голот на противниците, а десет од нив беа во негови рамки. Имавме и 16 корнери, како и 76% од поседот на топката и 701 точно додавање.

Од друга страна, Гибралтар не успеа да испрати ниту еден удар кон нашиот гол, па немаа ниту еден корнер.