Роналдо ја одби поканата на Перез – не сака да го гледа Суперкласико на „Бернабеу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ривер плејт и Бока јуниорс во недела на „Сантијаго бернабеу“ ќе го играат реваншот од финалето во Копа Либертадорес.

Натпреварот за шампион на Јужна Америка привлече големо внимание, а по инцидентите пред реваншот на „Монументал“, КОНМЕБОЛ реши мечот да се игра во Мадрид.

Затоа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, реши на Суперкласико да го повика Кристијано Роналдо, како и Лионел Меси.

Сите беа воодушевени од овој потег на првиот човек на „кралевите“, но денеска шпанските медиуми објавија дека Кристијано нема да се појави на Суперкласико, откако го одбил повикот.

Од друга страна, Меси ќе присуствува на дуелот, па ќе биде на трибините и ќе го следи спектакуларниот меч.