Нејмар и натаму под знак прашалник за најважниот дуел: Тренинзите ги работи сам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали бразилската ѕвезда ќе биде дел од шоуто бо Белград?

Повредата на Бразилецот, Нејмар го стави во знак прашалник нападот на ПСЖ. Се забележа дека ѕвездата им недостасува на „Светците“ во Бордо, кога поради обновена повреда на ложата го напушти теренот. Не беше ниту во Стразбур, а ПСЖ го запиша второто реми во низа.

Нејмар и натаму тренира индивидуално, но тренерот на француски ПСЖ истакна дека верува дека Нејмар ќе биде подготвен за дуелот против Црвена Звезда.

„Нејмар работи по програма по која работеше и коа неодамна ја доживеа истата повреда настапувајќи за репрезентацијата на Бразил. По неколку дена индивидуален тренинг, мислам дека ќе и се придружи на екипата во петок или сабота“, истакна Тухел.

Фудбалерите на ПСЖ во текот на викендот ќе бидат слободни, бидејќи мечот со Монпелје е одложен, а мечот од последното коло во Лигата на шампионите со Црвена Звезда го играат во вторник.