Трофеј Македонија – Македонија поразена од Црна Гора


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Македонија во Јане Сандански во натпревар од „Трофеј Македонија“ беше поразена од репрезентацијата на Црна Гора со 73:77.

Македонските кошаркари почнаа катастрофална и првата четвртина ја загубија со 12:27. Во втората четвртина се подобрија и победија со 24:13, а во третата исто така славеа со 24:23. Последните 10 минути натпреварот Црна Гора беше подобра со 13:14 и вкупни 73:77.

Вучевиќ беше најефикасен кај црногорците со 19 поени и 10 скока, Нидхам додаде 14 поени, а Михаиловиќ 11 поени.

Во македонската репрезентација најефикасен беше Војдан Стојановски со 19 поени. Дамјан Стојановски постигна 15 поени, Јанески 12, Костоски и Трејвис по 10 поени. Ѓуроски постигна 3 поени, Крстевски и Магдевски постигнаа по 2 поени. Натпреварот без поен го завршија Младеновски, Караџовски, Мекиќ и Николовски.