Речено -сторено: Пике купи клуб-репрезентација, целта е поставена, а еве и која е новата инвестиција на Каталонецот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џерар Пике во разговор за Л’Екип пред неколку недели најави дека ќе купи клуб, но не сакаше да каже кој, додека работата не биде завршена.

Сега е се познато, заедно со Космос групацијата, фудбалерот на Барселона ја купи Андора, единствениот полупрофесионален клуб во државата и единствениот од оваа пиринејска мала земја кој игра во Шпанија.

Тој ќе стане професионален клуб, моментално играат во највисоката каталонска лига, тоа е петтиот ранг на натпреварување во Шпанија, една од 19те регионални лиги.

До Сегунда Б, односно третата лига се на два ранга, овој клуб од 1980. година до краот на векот беше третолигаш. дури во 1994. година го освоија Купот на Каталонија.

Имаат стадион за 1000 луѓе, на средината на деведесеттите стигнаа до осминафиналето во Купот на Кралевите. Практично тоа е репрезентацијата на Андора, засилена со неколку Шпанци и еден Португалец, очекуваат поголеми вложувања, а целта е да се вратат за неколку години во третата лига…