Фантастичен трансфер во најава: Челси си го најде „чарето“ во Барселона?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурисио Сари сака да го засили својот тим во јануари, а со оглед на тоа дека Цеск Фабрегад ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“, сака засилување во редот за врска.

Фабрегас би можел да премине во редовите на Милан, а Челси замената за Шпанецот ја најде во Барселона, токму од клубот каде и го донесоа Фабрегас.

Денис Суарез би можел да го напушти „Камп Ноу“ и повторно се врати на Островот. Тој пред неколку години го носеше дресот на Манчестер Сити, кој тогаш донесе еден од најголемите потенцијали од Селта Виго.

24-годишниот играч за врска оваа сезона одигра само еден лигашки меч, а неодамна изјави дека сака да игра, а бидејќи моментално нема минути, би можел да ја промени средината.

Се претпоставува дека Барселона би барала околу 15 милиони фунти за Суарез, а Сари го смета како одлична замена за Жоржињо.