Буфон: Ниту јас, ниту мојот или било кој друг клуб не сакаме да се соочиме со Јувентус…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Јувентус и сегашниот чувар на мрежата на француски ПСЖ, Џанлуиџи Буфон признава дека никој, а особено неговиот тим не сакаат да играат во нокаут фазата против Јувентус.

ПСЖ се квалификуваше од првата позиција во групата пред Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда, а ако Јувентус вечерва го потврди првото место, дуелот со бившиот клуб во осминафиналето нема да биде возможен.

Буфон тврди дека Јувентус веројатно е и најсилниот тим моментално.

„Дали овој Јувентус е најсилниот тим во последните неколку години? Да, бидејќи екишата која игра навистина силно пред себе има јасна цел. Изминатите неколку години бевме помеѓу најсилнитге, но психолошки, заедништво и солидардност. Кога на тоа ќе го додадете Кристијано Роналдо, јасно е дека апсолутно никој не сака да игра против Јувентус“, истакна Буфон.

Ги допре Џиџи и италијанските клубови кои беа елиминирани. Наполи и Интер испаднаа, а Буфон поради тоа жали.

„Би ми било мило ако Наполи и Интер минаа натаму. Наполи имаше силна група, а на Интер му требаше само победа за да мине понатаму. Штета што не успеаа“, истакна Буфон.

ПСЖ името на противникот во осминафиналето ќе го дознае во понеделник 17. декември.