Карвахал збесна по поразот од ЦСКА: Не заслужувате да играте во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал беше многу лут по поразот на својот тим од ЦСКА Москва во Лигата на шампиони.

Тренерот на Реал, Сантијаго Солари против ЦСКА им даде шанса на младите фудбалери, но очигледно тоа беше голема грешка.

„Кралевите“ доживеаа вистински срам на стадионот „Сантијаго бернабеу“, зашто ЦСКА ги порази со 3-0, а по мечот Карвахал кажа дека некои не заслужуваат да го носат дресот на „кралскиот клуб“.

„Пред неколку недели зборувавме дека младите фудбалери би можеле да играат во првиот тим на Реал, сепак тоа е дефинитивно грешка и тие не заслужуваат да играат за првиот тим. Бесен сум поради поразот, но завршивме први во групата и тоа е најважно“, кажа Карвахал.

Да потсетиме, ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи во понеделник од 12 часот.